Утре најстудениот ден во септември - од понеделеник повторно лето

По најавеното невреме и влажниот бран од Медитеранот, идната недела повторно не очекуваат релативно високи температури за овој период од годината. Пред крајот на календарското лето, метеоролозите најавуваат уште една седмица со температури кои на места ќе надминуваат 30 степени.
Утре не очекува најстудениот ден во септември кога живата во термометарот нема да се  искачи над 18 степени. За викендот се најавува стабилизација а од понеделник повторно сончево време и високи температури.
Кон крајот на месецот повторно се најавува благо намалување на температурите кои ќе се движат во интервал од 19 до 25 степени.
Пониски ќе бидат утринските температури кои ќе се спуштат и под 8 степени.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега