Груевски во Штип- германската компанија „Техникал Текстајлс“ стартува со работа

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворање на фабриката на германската компанија „Техникал Текстајлс“ во Tехнолошко индустриската развојна зона - Штип.

Инвестицијата на Техникал Текстајл е вредна околу 10 милиони евра, а се планираат околу 1000 вработувања.

Договорот за оваа инвестиција, сопственикот Јенс Венгланд и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо го потпишаа во април годинава.

Во фабриката ќе се произведува фибер стакло за индустријата, за бродската индустрија и за индустријата за енергија на ветер. 

Како што тогаш изјави сопственикот на Техникал Текстајл Венгланд, идејата за инвестирање во Македонија произлегла од рекламата која ја видел во авион додека патувал кон Абу Даби каде што требало првично да се реализира оваа инвестиција, а го привлекле и подобрите услови што ги нуди Македонија за правење бизнис.

Планирано е за една година доколку оди добро со оваа инвестиција да почнат и производство на алуминум и пластика.

Инаку, „Техникал Текстајл“ е германска фирма со седиште во Словачка. Работи веќе 19 години во производство на градежни материјали. Производите на компанијата се продаваат низ Европа, Северна Америка, Австралија и Далечниот Исток.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега