Годишнина на Доли - првото клонирано животно

Првото клонирано животно светот го доби на 5 јули 1996 година.

Овцата Доли се роди  во Шкотска. Таа беше зачната со метод познат како „трансфер на соматски клетки“, каде што јадрото од една клетка се отстранува и се пресадува во јајце клетка пред таа да се подели и да се всади во сурогат мајка.

Клонираната овца донесе на свет пет јагниња.  На 14 февруари  во 2003 година Доли почина  од заболување на белите дробови. 

По клонирањето на овцата Доли, денеска успешно се клонираат и други видови на животни.

најчитано сега