Груевски во посета на тетовскиот регион

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска ќе го посети тетовскиот регион.

Груевски ќе направи увид на мостот на регионалниот пат на влезот во Порој, кој беше оштетен од неодамнешните поплави, а потоа ќе оствари посета и средба со жителите од ова населено место. 

Потоа премиерот ќе присуствува на отпочнување со изградба на два крака на локален пат во Непроштено, ќе оствари посета и средба со жителите на населеното место Доброште и ќе присуствува на пуштање во употреба на типска спортска сала на Државниот универзитет во Тетово.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега