Писмото на Груевски пристигнало кај Самарас - Македонија чека одговор
Премиерот на Грција Андонис Самарас го добил писмото од македонскиот премиер Никола Груевски, во кое тој иницира формирање тимови за директни преговори за прашањето за името, објавува „Алфа“.
Грчки дипломати за „Алфа“ информирале дека писмото пристигнало во Кабинетот на премиерот и дека е во фаза на разгледување. Сепак, изворите на Алфа не прецизирале дали и кога би имало одговор од Самарас/
Според неофицијалните информации, пренесува Алфа, Самарас бил во Брисел на Европскиот совет во моментот кога дописот пристигнал во неговиот Кабинет.
Според „Дневник“, Груевски минатата недела му испратил писмо на грчкиот колега, во кое повикува на средба со него и со тимови од двете земји, на локација која би ја избрала Грција