Надарени македонски ученици ќе заминат на летен камп во САД
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски и американскиот амбасадор Пол Волерс денеска ќе им ги доделат стипендиите на учениците избрани на конкурсот за учество на летниот камп во Центарот за талентирани млади при Универзитетот Џон Хопкинс во Соединетите Американски Држави.
Летниот камп ќе се одржи од 13 јули до 2 август годинава во Карлајл, Пенсилванија. Конкурсот беше наменет за ученици на возраст од 14-16 години, кои покажуваат извонреден талент на полето на природните и општествените науки.
ФОТО: радиомоф