МОН: Во средните училишта се запишале 16.999 ученици - еве уште колку места се слободни
При вториот јунски уписен рок во јавните средни училишта во 2013/2014 година, на 1-ви и 2 јули, се запишале 6.499 ученици, информираат од МОН.
Со овие 6.499 ученици вкупниот број запишани ученици во двете пријавувања во јунскиот рок е 16.999.
Од нив 11.963 ученици се за настава на македонски јазик, 4.698 за албански наставен јазик, 205 за турски јазик, 1 ученик за настава на српски и 132 повторувачи. Според видот на образование, 7.173 ученици се запишани во гимназиско образование, 9.394 во стручно, 251 во уметничко образование и 181 ученик во спортска гимназија.
Во августовскиот уписен рок има 17.794 слободни места: 11.430 за настава на македонски јазик, 5.556 за албански, 747 за турски, 33 за настава на српски јазик и 28 слободни места за повторувачи. Во гимназиите слободни се 4.794 места, во средните стручни училишта 12.826, во училиштата за уметничко образование има 157 слободни места и во спортската гимназија 17 (за ученици на македонски наставен јазик).
Вториот рок за пријавување и запишување ученици е на 22 август.
Резултатите ќе бидат објавени наредниот ден.