Горештините оставија последици врз дел од грозјето во Тиквешко

Горештините отавија последици врз дел од грозјето во Тиквешко како најголем лозарски  регион во Македонија, вели за МИА Благоја Мишковски, долгогодишен професор по стручни предмети  во земјоделско шумарското училиште "Ѓорче Петров" во Кавадарци.

- Штети се видливи посебно кај дел од десертните сорти на грозје како  “мишел палиер” и “рибиер” кои се  осетливи на временски услови но штети има и кај други трпезни сорти. Кај винските сорти, кои важат за поиздржливи, долгите топли денови можат да остават последици врз вранецот и секако смедеревката како помалку отпорна сорта. Најголемо  прегорување на лисната маса и последици кај грозјето има кај лозјата кои се на суво и без услови за наводнување,  па има дехидрација на гроздовите зрна,  особено кај вранецот, објаснува професорот. 

Тој нагласува дека лозарите покрај тоа што треба да наводнуваат, доколку има услови за тоа, особено треба да внимаваат при закинувањето на лисната маса на виновите лози, затоа што од нејзиното присуство или отсуство, во многу зависи и тоа дали сонцето ќе остави помали или поголеми последици врз родот на лозјата.

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега