Сочувство од претседателот Иванов до Плевнелиев

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва упати телеграма со сочувство до бугарскиот колега, претседателот на Република Бугарија Росен Плевнелиев по повод смртта на неговиот син Филип.

- Со длабоко жалење ја примив веста за прераната смрт на Вашиот син, Филип. Дозволете ми, во овие исклучително тешки моменти за Вас и Вашето семејство, да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочувство. Загубата и празнината се ненадоместливи и нема зборови кои ќе Ви дадат утеха. Нека Господ Ви даде сила да ги пребродите овие најтешки моменти за родителите и семејството, стои во телеграмата од претседателот Иванов.

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега