Груевски: Децата од социјалните семејства и во иднина ќе одат на бесплатен одмор

Премиерот Никола Груевски, при посета на охридскиот регион најави дека продолжува проектот за бесплатен одмор на децата од семејства приматели на социјална помош.

Проектот, потсети премиерот, почна да се реализира во 2012 година и се одвива полни три години со успех. Досега заклучно со последниот зимски одмор околу девет илјади деца беа на летување или зимување, а ова лето предвидени се нови две илјади деца од кои 1.500 досега веќе беа и уште 500 треба да одат до крајот на сезонава.

- Проектот е многу успешен. Многу од децата досега никогаш не биле на летување на езеро или на зимување во планина и претставува вистинска радост за нив, нешто на што ќе се сеќаваат во текот на целиот свој живот. Мислам дека тоа е еден од подобрите проекти што ги искреиравме и сигурно ќе продолжи и во иднина, нагласи Груевски.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега