„Вечер“: Случај Рамадани- И исламскиот радикализам е дел од СДСМ и Сорос

Уште од криминалот со транзицијата, шверцот на нафта, цигари... и топење на фабрики вредни три милијарди долари... склоноста на СДСМ кон подземјето, меѓу кои и политичкото, е видна и традиционална. Оттаму, соработката со организацијата Сорос е логичен след на таа навика... се што ги носи на власт, не им е страно, и го користат, па дури и исламските радикали, пишува Вечер.

До каде оди подземната политика на фондацијата Сорос Македонија, или Отворено општество Македонија која две децении ја предводат партиски кадри од СДСМ, корисници на пари се функционери на СДСМ и политички акции за поредби на таа партија, како и новинари кои со децении се на нивните платни списоци.

Згора на ова, додава Вечер, фондацијата Сорос е меѓународна институција која има и силни лоби врски во меѓународни и дипломатски фондации па и тие пари, странски, кои влегуваат во Македонија по дефиниција завршуваат речиси без исклучок кај истите луѓе кои се во кругот на фондацијата Сорос од Македонија.

Од вчерашниот прес на нивниот активист Џабир Дерала, кој на сметка на неговата таканаречена невладина организација Цивил примил околу 550.000 евра, дознавме дека освен од фондацијата Сорос Цивил и Џабир Дерала добивале пари и од Швајцарската агенција за развој, американскиот балкански фонд, ОБСЕ, УСАИД, од амбасадите на САД, Холандија, Германија... со што Џабир Дерала ја потврди информацијата дека фондацијата Сорос создава политичка, подземна мрежа во која лично инвестира 5 милиони евра годишно, плус речиси сите пари од странски амбасади и фондови кои завршуваат речиси без исклучок кај активистите на Сорос, пишува Вечер.

Со оглед на тоа дека Цивил, и сите носечки организации на фондацијата Сорос се занимаваат со политика, и тоа секогаш политика во полза на СДСМ, од ова се гледа колкави големи странски средства и капацитети се ангажираат за СДСМ да дојде на власт, и тоа без избори.

Целиот текст прочитајте го на овој линк.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега