Данев: Политичкиот шарлатан Спасовски гради кариера на болната судбина на едно семејство

Пратеникот во Собранието на РМ Драган Данев, јавно му искажа поддршка на Директорот на Клиниката за онкологија, доктор Милан Ристески, кој преку статус на Фејсбук го запраша Оливер Спасовски дали знае што значи секојдневно да спасуваш животи.

Секоја чест докторе!!! Вистински компентен и човечки одговор на еден политички шарлатан кој на болната судбина на едно семејство како и секогаш градат политичка кариера. Граѓаните на Р.Македонија не се сеќаваат на ниту еден проект во македонското здраство за време од владеењето на СДСМ а сега крајно дволично покажуваат "голема грижа" за здравјето на граѓаните на Р.Македонија. Истите тие имаа една деценија шанса да докажат со дела дека здравјето на граѓаните им е приоритет. Моето најдлабоко и најискрено сочуство до семејството! Никогаш, навистина никогаш како човек во политиката нема во ниту еден момент смртта на една личност нема да ја користам за бедни политички т.н. поени, напиша Данев на својот Фејсбук профил.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега