ФОТО: Најсовремена и најсофистицирана - Штип добива болница која ќе ги помести стандардите во регионот

Нова најсовремена, најквалитетна и најсофистицирана клиничка болница ќе се гради во Штип, која воедно ќе биде современа здравствена установа за повеќе од 200.000 граѓани во тој регион.

Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска ја најави изградбата на новата штипска клиника, која ќе започне да се гради во средината на октомври 2015 година, а според прoценките ќе биде готова во средината на октомври 2017 година.

Објектот ќе се гради на местото каде што во моментов се наоѓа штипската клиника и ќе претставува грандиозна високо енергетски ефикасна клиника на површина од 34.000 м2, која ќе има 17 амбуланти на 8 нивоа, поврзани со 14 лифтови, а ќе чини 30 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега