Тамара, Влатко, Каролина, Димитар - која песна била најслушана во 2014?

Листата која е официјален извештај на ЗАМП, објавена во службен весник, а се добива така што се сумираат сите извештаи од медиумите во Република Македонија, кои имаат обврска на крајот на секоја година да поднесат листа на се што пуштиле во текот на изминатата година, покажува кои песни се најслушани во Македонија.

Димитар Андоновски, со песната „Само тоа го можеш ти„ е на врвот, а по него се најде Тамара Тодевска, со песната „Тажна љубов, среќна песна“. Големиот летен хит „Мандарина“ на Влатко Лозаноски е трета најслушана песна во земјава за лани.

По Димитар, Тамара и Влатко кои се на врвот на листата, се најде Тијана Дапчевиќ со евровизиската „Таму кај што припаѓам“, Димитар Андоновски, повторно, со „Ако ме боли“, Каролина Гочева со „Чалгиска“, Мирсад Јакупи со „Dу zemra“, Каролина Гочева со „Две лири“, Владо Јаневски со „Ама јас те сакам тебе“, и на десетто место „Бета Хаус“ со „Емили“.

Авторите на овие музички дела, како и на оние кои се подолу на листите, ќе добијат надоместок согласно со рејтингот на песната.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега