Притворени девет лица - нови детали за акцијата „Ќелија"

Во Основниот суд Скопје 1 во текот на денот пред судија беа доведени 9 лица со Предлог од Основното јавно обвинителство за органиран криминал и корупција за определување мерка притвор кој опфаќа вкупно 36 лица, поради основано сомнение за „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Судија на претходна постапка по разгледување на фактите и доказите кои беа предложени од обвинителството заедно со Предлогот за определување на мерката притвор и по сослушување на приведените во присуство на нивните бранители по предлогот на Јавното обвинителство оцени дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите на Законот за кривичната постапка за определување на мерка притвор и на 9 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Воедно на останатите 27 лица, судијата на претходна постапка со оглед да истите не беа приведени издаде наредба за нивно приведување пред судија на претходна постапка, а по нивното обезбедување и сослушување, ќе одлучува по однос на предлогот на Јавното обвинителство.

 

 

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега