МЦКР промовира проекти од областа на спортот
Невладината организација Македонски центар за култура и развој–МЦКР на денешната прес конференција ги презентира своите проекти „Верна фаланга“ и „Здрав спорт за здраво општество“.
Според Нелко Нелкоски од МЦКР, Верна фаланга е навивачки клуб на македонските репрезентации во сите спортови, организиран според врвните светски навивачки стандарди, раководен од искусни професионалнци, со особена грижа за безбедноста и сигурноста на секој член.
- Нашето навивање ги истакнува вредностите на спортот и ние постојано позитивно ја бодриме нашата репрезентација. верна фаланга се залага за почитување на спортскиот противник и за навивање без насилство, национализам, расизам и сите видоив на дискриминација, вели Нелкоски.
Нелкоски од име на МЦКР, како национален ФАРЕ координатор и организација, која 17 години работи во општествениот живот го презентира и долгорочниот проект „Здрав спорт за здраво општество“, кој во себе обединува 13 под-проекти и е насочен кон сеопфатен третман на спортот во општеството.
- Овој проект се занимава со поврзување на различните сегменти од кој е составен феноменот спорт и функцијата што тој ја врши на локално, национално и меѓународно ниво. во проектот и сите негови под-проекти ќе бидат афирмирани најдобрите европски и светски практики, принципи и критериуми како и принципите на олипизмот, во насока на создавање здрав спортски амбиент и истакнување на неговата димензија на славење на животот и истакнување на добрите, племенитите и убавите карактеристики на секој поединец, информира Нелковски.