Рангелова на терен во тетовскиот регион

Претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија Даниела Рангелова, заедно со пратеникот Светлана Карапетрова, излезе на терен во тетовскиот регион и ги посети населените места Шипковица и Голема Речица кои беа погодени во невремето што го зафати тетовскиот регион во понеделникот.

-Сакам да изразам длабоко и искрено сочуство до семејствата кои ги загубија своите блиски во понеделничкото невреме, како и сочуство до семејствата кои ги загубија своите домови. Денес сум тука во тетовско, да ја предадеме донацијата во флаширана вода за пиење и средства за лична хигиена кои во овој момент се најпотребни за населението од овој регион – изјави Даниела Рангелова.

250011857592 10204412263921

Донацијата која денес беше предадена на жителите на Шипковица и Голема Речица беше донирана од Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Градот Скопје, Општинскиот комитет Гостивар, а во претходните два дена Унијата на жени од Општинскиот комитет Тетово веќе донираше средства за лична хигиена и флаширана вода.

3500SAM 4843

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега