Албанската влада издвои средства за Тетово - еве колку помош нуди за поплавените

 

Албанската влада издвои 50 илјади евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите. 

- Се доделува  финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени средства од 50 илјади евра, стои во одлуката на албанската Влада. 

Веста најпрво на својот профил на Фејсбук ја соопшти шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, оценувајќи ја ваквата одлука како чин на солидарност и братска подршка за Тетово.

- Солидарост и братска подршка за Тетово. Денеска одобривме фонд од 50 илјади евра како помош за надминување на вонредната состојба во Тетово, напиша Бушати на неговиот профил на фејсбук.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега