АРМ продолжува со помошта на населението во Тетово- во план обнова на два моста во Порој

Триесет и девет војници во Шипковица, како и инженериско одделение заедно со багери, копачи и друга специфична механизација во Речица секојдневно се ангажирани во помош на населението од подрачјата кои настрадаа од големите поројни дождови и наносите на земја и камења во Тетовско, информираше министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, при денешната обиколка на реонот.

Дополнително министерот Јолевски порача дека Инженерската единица во Армијата на Република Македонија веќе започнала со планирање и подготовка на изградба на два моста во селото Порој кои се комплетно срушени.

2500DSC 9511 resize

-Веднаш штом ќе заврши ископувањето и расчистувањето на теренот, ние ќе можеме да започнеме со поставување фундаменти на двата моста кои, на барање на локалната заедница, повторно ќе бидат изработени од дрво. Штом ќе се исчисти коритото и добиеме зелено светло, ние за 5-7 дена ќе ги изградиме овие мостови со кои значително ќе се влијае на подобрувањето на комуникацијата на населението, рече министерот.

35000DSC 9522 resize

Армијата на Република Македонија уште од самиот почеток е вклучена со свои припадници и механизација во расчистување на последиците од големата природна непогода.

Јолевски посочи дека Министерството е во постојана координација со Владата на Република Македонија и локалната самоуправа и дека доколку биде изразена потреба, Армијата е подготвена за дополнителен ангажман за расчистување на последиците.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега