Канчевска-Милевска ќе го посети Бигорскиот манастир
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе престојува во работна посета на општина Дебар и Бигорскиот манастир.
Канческа-Милевска ќе се сретне со дебарскиот градоначалник Ружди Љата и ќе го посети НУ Центар за култура, каде во изминатиот период се реализирани повеќе проекти, меѓу кои реконструкција на влезното плато пред објектот, а од неодамна профункционира и киното.
Со стручни екипи од Националниот конзерваторски центар, Канческа-Милевска ќе го посети и Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, каде е во завршна фаза реконструкцијата на Стариот конак што беше опожарен
во 2009 година.
ФОТО: е-вести