Осветена црквата „Свети Илија“ во пресрет на големиот празник
Во пресрет на големиот државен, национален и верски празник Илинден денеска е осветена новоиградената православна црква во селото Спиково, општина Пехчево.
Богослужбата во новата црква „Свети Илија“ ја .одржаа свештенослужителите на малешевското архиерејско намесништво на Струмичката епархија на МПЦ -ОА.
Црквата се гради со даренија на иселениците од ова село и со донации од граѓани на Пехчево и Малешевијата.
По повод осветувањето за присутните верници беше организирана културно-уметничка програма и заеднички ручек.
Оцени ја веста
02.08.2015 - 11:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа