Почна ловната сезона на прелетен дивеч
Ловната сезона на прелетен дивеч започна денеска во Кумановско. Како што соопштија од локалното Ловечко здружение „Сокол“, утрово, од 5:30 до 9:30 часот, дваесетина ловџии од Италија и Грција започнале со лов на ловиштето кај Слупчане, во месноста викана Аџитепе и кај Љубодраг во месноста викана „Каваџик“, пренесе МИА.
Од ловечкото здружение објаснија дека дозволите и ловот се издаваат и изведуваат согласно Законот за лов и дека се испочитувани сите законски норми и процедури за старт на ловната сезона.
Изутрината жители во околината на ловиштата биле вознемирени од истрели, за кои некои портали објавија дека полицијата спроведува антитерористичка акција во липковскиот регион, што беше демантирано од МВР.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа