Невестите од Албанија донесоа многу радост и деца во Струмица

 

Додека некои бараат живот во големите градови далеку од селото и работата на поле за други најважна е семејната среќа и  дом исполнет со хармонија и радост без разлика на местото каде тој ќе биде заснован. Таков е примерот со триесетгодишната Раимонда од албанскиот град Фуш Крује која веќе пет години живее во селото Самоилово во општина Ново Село. Таа од секогаш имала желба да живее во друга држава, но никогаш не помислила дека животниот пат ќе ја донесе во Македонија и тоа во мало село во кое основната дејност на месното население е земјоделието. Средбата со нејзиниот сопруг Живко се случила пред пет годни  преку нивни блиски луѓе. После еден месец Раимонда одлучила да дојде во Самоилово и вели дека воопшто не зажалила. Единствен проблем бил јазикот, па додека да го научи македонскиот со сопругот комуницирале на италијански јазик кој и двајцата солидно го владеат.

-Најпрво комунициравме на италијански, а потоа полека полека почнав да учам и по книги и од речник, почнав да читам на македонски и веќе знам и да читам и да пишувам, вели Раимонда Стојковска за телевизија Сител.

-На први мај се запознавме, а на 29 таа дојде тука. Значи после три недели жената ја донесов дома. Така се случи таа наша врска, значи едно видување и брак и добро е сега, таа си ги прифати сите наши традиции, вели Живко Стојковски – сопруг на Раимонда.

Бидејќи доаѓа од град животот на село и обврските тука и биле сосема непознати, но Раимонда вели кога се сака се е можно, па така и таа со силна желба за кратко време успеала да научи се.

-Различно беше тоа што јас таму си живеам во град, а тука е во село, таа си беше разликата најголема,  ама се навикнав веќе. Не бев научена ниту на ниви да одам, ама се се учи со време. После година и половина ни се роди синот Панче. Сега е многу убаво со дете, поинаку е, семејството повеќе се зближува, повеќе се сакаш, вели Раимонда

Целата сторија прочитајте ја на СИТЕЛ

 

 

 

 

Оцени ја веста

01.08.2015 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега