ВИДЕО: Јапонски научници создадоа најмоќен ласер во историјата
Научници од Универзитетот во јапонскиот град Осака синоќа ја произведоа најмоќната ласерска светлина во историјата, објави „Попјулар Сајнс“.
Светлината, како што тврдат научниците, траела една пикосекунда, а моќноста на ласерот изнесувала два петавати (2.000.000.000.000.000 вати).
Колку за споредба за оваа моќноста, експертите потсетуваат дека во 2013 година ласер со моќност од 50 киловати урна беспилотно летало на оддалеченост од два километри.
Ласерот од Осака нараче LFEX (Laser for Fast Ignition Experiments), е долг повеќе од 90 метри. Пред него најмоќен ласер во светот беше оној на Универзитетот во Остин во Тексас, кој е двапати послаб од јапонскиот.
Универзитетот во Осака сега работи на конструкција петпати помоќен ласер од LFEX.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа