Иванов ќе ги прими акредитивите на амбасадорите на Албанија, БиХ и Литванија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, на Босна и Херцеговина и на Република Литванија.
Акредитивни писма на вонредните и ополномоштени амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река, на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ и на Република Литванија со седиште во Будимпешта Раса Каириене, претседателот Иванов ќе ги прими во Охрид во Вилата Билјана.
Оцени ја веста
31.07.2015 - 08:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа