Гошев: Предлогот за избирачки список на СДСМ не е добар

 

Го

Поранешниот гувернер на Народна Банка, Петар Гошев ги критикува СДСМ за барањата за имплементација на договорот од 2-ри јуни.

Опозицикискиот поддржувач Петар Гошев во колумна за „Слободен печат“, денеска, излезе со низа на критики за дел до предлозите кои се теми на разговор на работните групи, предлози дадени токму од СДСМ, партијата чии политики изминатиов период отворено ги застапува Гошев.

Гошев во колумната пишува дека сите решенија во врска со списокот на избирачи, освен нов попис на населението, биле во полза на „крадците во власта“. Тој вели дека не бил добар предлогот на СДСМ за правење нов список со доброволно самопријавување на граѓаните, бидејќи меѓу другото можело директно да влијае на намалување на излезноста на гласачите.

„Може ли да биде решение правењето нов список со доброволно самопријавување на граѓаните? Чиј и да е, овој предлог не е добар: (1) не е добар за развојот на демократијата и плуралистичката основа на системот и (2) не е добар за демократската опозиција. За самиот демократски систем тоа решение не е добро, затоа што може директно да влијае на намалување на излезноста на гласачите. Сосема е извесно дека тоа ќе претставува нов основ уште еден дел од полнолетните граѓани да не го искористат правото на гласање, само затоа што од разни причини не нашле време да се впишат во избирачкиот список. Еден од проблемите на современата демократија е се поголемата апстиненција на избирачите од избориот процес. Имаме легалитет со се помал легитимитет. Наместо да се бараат начини како да се прошири излезноста, односно партиципацијата на граѓаните во политичкиот процес, поради интересот на узурпаторите на власта, се измислуваат решенија кои се повеќе го проблематизираат системот на демократија. Секогаш е полесно да мамите помало гласачко тело одошто поголемо“, пишува Гошев.

Инаку, предлогот за самопријавување на граѓаните е едно од последните барањата на СДСМ за кое инсистира да се имплементира до одржување на следните парламентарни избори во април в година предвидени со договорот од 2 јуни. СДСМ бара да се избришат сите досега запишани гласачи од Избирачкиот список и да се евидентираат сите нови што се над 18 години и имаат право на глас така што секој гласач што сака да гласа ќе мора сам да се пријави и на тој начин да биде запишан во Избирачкиот список.

Сепак, Гошев смета дека ова решение за демократската опозиција не било добро од неколку причини, политичката корупција продолжувала, а со најавата на новите избори добивала нов интензитет. 

„Избирачки список направен преку самозапишување на потенцијалните гласачи, неизбежно ќе биде структуриран и димензиониран под силното влијание на политичката корупција и политичкото и физичко насилство. Овој рецепт, де факто, ќе биде збогатување на арсеналот ‘мерки и инструменти’ на власта со кои досега ги добиваше изборите уште пред денот на гласање“, пишува Гошев.

Додека СДСМ предлага, нејзините поддржувачи отворено ги критикуваат ваквите предлози на социјалдемократите, поради што се поставува дилемата дали воопшто има пилот во опозицискиот авион, каде очигледно конфузијата и несогласувањата се' повеќе ќе се зголемуваат во пресрет на изборите кои треба да се одржат во април.

 

 

Извор: Курир

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега