Меѓуресорски тим ќе го санира цевководот на „Стрежево“
Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство формира меѓуресорен тим за санирање на цевковод на Хидросистем „Стрежево“.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последаната нејзина седница, поради тежината на проблемот со новопојавено свлечиште кое целосно сруши дел од главниот цевковод на Хидросистемот „Стрежево“ формираше меѓуресорски тим, пренесува МИА.
Тимот ќе работи на реализација на планот за санација и рехабилитација на цевководот со што во најкус можен рок се очекува целосно да профункционира, информираат од ресорното Министерство.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа