Уметниците го поздравија укинувањето на Законот за хонорари - ова е победа за народот и за Владата
Васил Зафирчев, Панчо од ДНК и останатите уметници по познавија укинувањето на плаќањето на придоенси.
Уметниците го поздравија укинувањето на плаќањето на придонеси кое што стапува на сила од 1 август, пренесува порталот Курир.
„Голем одек имаше повлекувањето на законот, со доста колеги разговаравме на таа тема. Нас уметниците законот во голема мера не засегаше затоа што голем дел од нас остваруваат хонорарни приходи од вршење на дејности надвор од матичната куќа, ние што сме на државна плата. Така што ова е големо олеснување“, вели актерот Васил Зафирчев и додава дека Владата имала слух за оние кои беа најмногу засегнати.
„о рамките на тие 6 месеци веројатно имало и консултации со голем број експери и НВО. Мене ми е многу драго што сето ова се реши по институционален пат исто како што беше и донесено и во принцип сметам дека овој тип на измени и дополнувања на законите треба да се прават по институционален пат, што повторно покажува дека Владата има слух да разговара за предлог мерките кои се обидува да ги спроведе и да го слуша јавното мислење особено на оние кои се засегнати. Искрено јас многу бев среќен поради повлекувањето на законот, затоа што и јас самиот во изминатиот период ги пријавував своите хонорарни остварувања и очекував пресметката на даночните обврски кои треба да се регулираат. И секако ова е олеснување за сите нас особено поради тоа што ние сме мал пазар и важна е секоја можност за дополнителна финансиска заработка“, вели Зафирчев.
Според Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК, оваа одлука е победа за народот, но и за Владата.
„Сакам да го поздравам овој чекор на Владата. Тоа е една голема работа за нас уметниците кои работат хонорарно, а воедно и за работодавачите бидејќи нашите хонорари апсолутно треба да се кренат од постоечките онолку колку што требаше да се плати придонеси за пензиско и здравствно. Драго ми е што оваа Влада ги слуша луѓето и доколку ако во нешто погреши и го увиди тоа, а доколку народот го каже тоа Владата стои зад народот. Јас секогаш велам: оној кој работи и греши. Во мое име и во име на ДНК го поздравуваме овој потег“, вели Панчо од ДНК, кој најави дека новиот албум кој го подготвуваат може да го очекуваме во 2016 година.
Министерот за финансии Зоран Ставрески, вчера, објави дека Владата донесе сет закони со кои од 1 август 2015 година се укинува плаќањето на придонеси за договорите на дело и авторските договори, како и за сличниот тип на договори.
Извор: Курир
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа