Епидемија од партиски вработувања и во Струмица- СДСМ ги партизира општините со кои раководи

 

Браќа, сестри, сопруги, пријатели. По Центар, епидемија од партиски вработувања и во општина Струмица, објави СИТЕЛ.

Серијата прилози за непотизмот во општина Центар ги охрабри граѓани. До редакцијата на Сител секојдневно пристигнуваат информации за партизацијата која ја врши СДСМ во општините каде ја има власта.

Најбрутален пример е Љупка Цветкова која е вработена во кабинетот на Зоран Заев и важи за блиска пријателка на неговиот брат Вице. Таа минатата година успеала во општина Струмица да го вработи својот татко Митко, а таму работи и нејзиниот прв братучед Борче.  Од општина Струмица плата зема и тетkата на Љупка Цветкова, Нетка Тимова, објави СИТЕЛ.

Својот син Иван во општината раководена од Заев успеал да го вработи и пратеникот на СДСМ Марјан Даскаловски а внатрешниот ревизор во општината Софија Граматикова која истовремено е и претседател на струмичкиот форум на жени на опозицијата си обезбедила работно место за својата ќерка.

Работно место во општина Струмица по крајот на пратеничката кариера се нашло и за Цветанка Иванова а веднаш потоа, таа успева во општината на Заев да ги вработи двете снаи Софче и Билјана. Во општина Струмица е ангажиран и екс пратеникот на СДСМ Панче Орцев како и неговата снаа Нела Масалковска. Работно место се нашло и за екс пратеникот Ацо Киров како и за екс градоначaлникот на Босилово Ѓорѓи Манушев, објави СИТЕЛ.

И покрај јавните повици на СДСМ дека се залага за департизација на институциите, јавноста се сеќава на изјавите на Заев, дека СДСМ одлучува за секое вработување, од чистачка до директор.

Покрај непотизмот при вработувањето, јавноста го памети и скандалот со распределбата на тендерите од општина Струмица во семејството на Заев кога за само неколку години огромни суми на пари на граѓаните на Струмица легнаа на сметките на браќата, братучедите, родителите и роднините на претседателот на СДСМ.

 

 

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега