Заврши проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“
Центарот за развој на Источно планскиот регион на денешната прес-конференција ги презентираше резултатите од реализираниот проект „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“, кој е финансиран од фондовите на ЕУ.
Проектот го реализираа општините Штип, Кочани, Виница и Пробиштип од македонска страна, а од бугарска страна партнер е општината Гоце Делчев.
Раководителката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева рече дека проектот се спроведува две години, а завршува на 19-ти мај.
- Овој проект не завршува на 19 -ти мај, од причина што како проект ќе се пренесува во останатите плански региони. Веќе е добиен во Северо-источниот плански регион,се работи по овој проект и во две општини во скопскиот регион, а исто така повеќе општини од источниот регион побараа да го погледнат овој проект, бидејќи планираме и втора фаза од овој проект, рече Здравева.
ФОТО:Пулс 24