Какво време не очекува за продолжениот викенд?
Претстојниов продолжен викенд ќе донесе пониска температура во однос на четврток, но тоа не значи дека нема да биде топло, туку напротив, ќе уживаме во три дена одмор и ќе уживаме во посвежо време.
Според Метеопро максималната температура овие три дена ќе биде релативно иста, со сосема мали промени. Во повардарскиот крај ќе има вредности од 35 Целзиусови степени до 37 Целзиусови степени, а во Пелагонија 33 Целзиусови степени. Охридско-преспанскиот регион очекува максимална температура до 31 Целзиусов степен.
Сабота ќе биде релативно сончев ден. Попладне ќе има услови за локален дожд, но повеќе околу планинските региони.
Недела слично време на сабота. Веројатност за локална нестабилност ќе има приквечер, но повеќе во источниот и централниот дел од земајта.
Во понеделник, генерално, сончево време.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа