ДЕТАЛИ: Исчезнатата жена била лице со психички проблеми
Полицијата ја пронајде исчезнатата жена по која трагаше изминатите 12 часа, откако било пријавено дека таа со трчање влегла во водите на Охридското езеро и повеќе не излегла.
Според првичните информации, жената е пронајдена жива во езерските води во близина на поранешниот хотел Парк, а се работи за средновечна жена во педесеттите години, со психички проблеми.
Тимовите од рано наутро трагале по неа, а ова не е прв пат таа да биде пријавена за исчезната.
Оцени ја веста
29.07.2015 - 11:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа