ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола:Со натчовечки напори се работи на обезбедување водоснабдување во Битола
Сакам да упатам јавна благодарност од името на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола до сите луѓе кои во изминатите 48 часа беа деноноќно вклучени во обезбедување непречено и непрекинато водоснабдување на градот
Битола, велат денес од битолскиот огранок на владејачката партија.
интегрален текст од прес-конференцијата на Борче Димитровски
Убеден сум дека и сите битолчани го чувствуваат истото и се благодарни за натчовечките напори кои ги прават нивните сограѓани, а кои се вложуваат дури и сега, додека трае оваа прес конференција, сѐ со цел во градот Битола да не се почувствува недостаток на вода за пиење.
Сите сме свесни дека природата е многу поголема сила од човечкиот фактор и дека заради временската непогода што ја зафати Пелагонија во текот на зимата, заради големите поплави, сеуште ги чувствуваме последиците сега преку појавата на неколку свлечишта.
Како што изјавив и претходно, сметам дека е крајно нефер, прво кон вработените во институциите надлежни за водоснабдување во градот, а потоа и кон сите битолчани, да се злоупотребува временската непогода и последиците од неа за дневни евтини партиски поени.
Уште еднаш јавно апелираме до СДСМ да не ја манипулираат јавноста извртувајќи ја актуелната ситуација.
Временски непогоди имало и ќе има и во иднина, независно кој е на власт.
Како и секогаш досега, институциите предводени од ВМРО ДПМНЕ многу совесно и одговорно ги превземаат сите активности за решавање на актуелниот проблем.
Одбиваме да се занимаваме со дневни партиски препукувања и цела енергија ќе ја насочиме да обезбедиме максимална поддршка за брзо надминување на проблемот кој повторувам, не е резултат на човечки фактор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа