Зијадин Села молчи за заканите од струшкиот бос Лека

 

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села денеска првпат се обрати на јавноста, откако охридската полиција информираше дека Дилавер Бојку - Лека му се заканувал на градоначалникот поради уривањето на дивоградбите на кејот на Црн Дрим. 

Села не ги прокоментира заканите и не откри дали тие продолжиле и по уривањето на дивоградбите.

Инаку, пред два дена, на барање на општината, беа отстранети 11 дивопоставени тераси на кејот од реката Црн Дрим во Струга. Меѓу рестораните кои беа мета на општината се најде и објектот Блу Скај на Лека. Сега, кејот на Црн Дрим, е предвидено да се постават маси и чадори, но, и да се остави простор за минувачите.

 - Да биде направено како што треба  преку оглас и тендер за идејно решение како се регулира  крајбрежјето на Дрим, а за тоа треба малку време - порача Села, пренесува Плусинфо.

Според Села, Министерството за транспорт и врски е виновно за дивите објекти. 

- Не може да се дава под концесија и да се дозволи да се направи шанк или објект на плажа кои не е вцртан во ДУП, а за тоа треба да одговара некој од министерството за транспорт и врски, зошто ги тера граѓаните да трошат пари, а после пет години им вели да ги рушат објектите, обвинил Села, пренесува порталот Плусинфо.

Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека не е придведена изградба на објекти од цврста градба, туку само поставување на урбана опрема, јавува Плусинфо. Од 2011 година, управувањето со градежното земјиште е во рацете на општина Струга.

ФОТО: Утрински

најчитано сега