Свечености по повод денот на формирањето на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола

 

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го одбележува 25. април, денот кога во 1979 година беше конституиран како втор државен Универзитет во Република Македонија.

Традиционално, Ректоратот денеска ја промовираше најновата генерација доктори на науки, со што вкупниот број кандидати што се стекнале со највисоката академска титула сега изнесува 168 доктори на науки, истакна Ректорот д-р Златко Жоглев.

- Во иднина ќе се обидеме магистерските и докторските трудови да ги отпечатиме за да бидат достапни на студентите. Порано во трудовите доминираа теориски анализи, а сегашните трудови нудат решенија за отворени и конкретни проблеми. Во светот со докторските трудови се решаваат проблеми и така ќе биде и кај нас. Верувам дека компаниите ќе појават интерес за оваа наша иницијатива која се движи во добра насока, посочи Жоглев.

 

најчитано сега