За што најчесто се бара совет на „Ало Докторе" за време на горештините?
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ минатата недела се јавиле 1.125 граѓани.
Од Здравствен дом Скопје информираат дека од 15 септември минатата година односно од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 до сега, имале 44.320 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за главоболки, стомачен вирус,покачен крвен притисок и симптомна болка.
Поради високите температури многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа