Силното невреме направи хаос во Македонија
Вчера попладне регионот на северозападниот и северниот дел од Земјава го зафати невреме, проследено со силен ветер и грмотевици.
Од УХМР информираат дека поминал ладен фронтален систем кој беше проследен со локални врнежи од дожд, силни електрични празнења и силен ветер кој наместа достигнуваше до 100 км на час.
Како што информираат на мерните места нема наврнато големи количини воден талог, а во северните делови наместа наврнаа по 1 литар на м2 воден талог.
Денеска ќе настапи постепено стабилизирање на времето, но во источните делови се уште е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа до петок следува стабилно и суво и многу топло со температура на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа