Дождот разлади - во Македонија конечно нормални летни температури
Вчерашниот дожд ја разлади државата, а точно на пладне имаме нормални летни температури.
Според УХМР попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови, а не е исклучена и изолирана појава на краткотрајно невреме со засилен ветер и ретка појава на град, соопшти УХМР.
Инаку, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени, УВ индексот ќе изнесува 8.
Во текот на утрешниот ден ќе настапи постепено стабилизирање на времето, но во источните делови сеуште е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Потоа до петок следува стабилно суво и многу топло време, температури на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.
Еве ја моменталната температура во градовите:
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа