Поради жештините ново работно време на општина Кавадарци
Ново работно време на општинската администрација во Кавадарци поради жештините.
„ Општина Кавадарци-локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне“, соопштија од Службата за информирање при локалната самоуправа.
Оттаму нагласија дека промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кои деновиве владеат во земјата и регионот.
„Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции“, соопштија од Службата за односи со јавноста.
Со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, во општинската администрација веднаш ќе се врати вообичаеното работно време.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа