Проектот „Македонија вработува“ дава резултати- вработени 3.850 лица
Со проектот „Македонија вработува“ вработени се 3.850 лица за неполни три месеци.
Резултатите од проектот за брзо време дадоа резултата, а највидливо е во Кочани, каде преку овој проект се вработени над 256 лица, претежно во компаниите „Антура“ и „Амфенол“, но и во неколку помали странски компании во општината, пренесува МИА.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, за вработувањата, соопшти денеска при посета на Облешево, каде ќе се пушти во употреба новата градинка.
За новиот проект на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за обука на побарувани занимања на пазарот на трудот, Спасов истакна дека ќе се обучат 220 невработени, на механизацијата и машините кои функционираат во приватните компании, кои се подготвени да вработат обучени кадри.
- Со ова ќе се зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупно 12.000.000 денари, појасни Спасов
Оцени ја веста
25.07.2015 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа