Се води интензивна истрага против повеќе лица за настанот кај Диво Насеље

 

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава кој се случи кај кумановско Диво насеље, прибра дел од доказите.

Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање на докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид.

Надлежното обвинителство продолжува континуирано со преземање на дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите.

Во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега