Македонските возачки дозволи ќе важат во пет нови држави

 

Македонија се договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Министерството за внатрешни работи склучи договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со петте земји.

Врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија, како и со Австрија (Б категорија), соопшти денеска МВР.

Во тек е постапка за договори за признавање на возачките дозволи и со Косово, Турција и Германија, а до останатите земји од Европа (32) е доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега