Во Велес започна изградбата на новиот кружен тек кај „АВОНА“
Денеска започнаа градежните работи за изградба на новиот кружен тек - раскрсница во Нова Населба во Велес кај „АВОНА“ на потегот на улиците „Благој Ѓорев“ „Тодор Јанев“, „Осма Велешка Бригада“ и улицата „Тодор Христов Офицерчето“, пренесе МИА.
Како што соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев, Општина Велес за овој проект издвоила 6 милиони денари од општинскиот буџет преку Програмата за изградба на улици и патишта.
Проектант е фирмата Давос Инвест Дооел Скопје, а изведувач фирмата Евроинженеринг ДООЕЛ Велес.
- Во наредните два месеци ќе се изведуваат градежните работи со кои ќе се изгради третиот кружен тек во градот од кој се очекува да го растовари и да го направи побезбеден сообраќајот на главната градска сообраќајница, потенцира Чадиев.
Чадиев информира дека просторот и хортикултурно ќе биде уреден, а ќе се поправи и фонтаната од другата страна на улицата. Воедно такси постројките на таксистите ќе бидат поместени подолу, долж улицата „Благој Ѓорев“.
Градоначалникот Чадиев воедно информира дека додека трае изградбата на кружниот тек ќе има и посебен режим на одвивање на сообраќајот во овој дел од градот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа