ФОТО: Пуштен во употреба обновениот пат Маврово-Маврови Анови

 

Обновениот патен правец Маврово-Маврови Анови, во должина од 6 километри, денеска е пуштен во употреба.

- Патот е целосно асфалтиран, санирано е свлечиштето и во тој дел се изврши проширување на патот. Вкупната инвестиција е 1,2 милиони евра, изјави министерот за транспорт Владо Мисајловски кој придружуван од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди го пуштија во употреба обновениот пат.

Според Мисајловски, со проектот за обновата на патот значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во овој регион. 

- Веќе од следниот месец ќе започнеме со реконструкција на регионалниот пат Ново Село-Маврово-Жировница-Дебар во должина од 20 километри и инвестиција од околу 8 милиони евра, а од следната година ќе започнеме со изградба на делницата Гарски Mост–Извор. Генерално работиме непрекинато, влезени сме во еден инвестициски инфраструктуран циклус преку кој значително ќе ја подобриме патната мрежа во Република Македонија, рече министерот Мисајловски. 

Претходно министерот Мисајловски изврши и увид на градежните работи на пешачката патека околу Мавровско езеро која изградба е во финална фаза.

Должината на пешачката патека изнесува 2,5 километри со широчина од 2,5 метри. Хортикултурно е уредена и е осветлена. Вредноста на целиот проект изнесува околу 8 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега