Оваа година ќе биде најтопла откако се мерат температурите

 

Просечната температура за јуни на светско ниво изнесувала 16,33 степени, што е за 0,12 степени повеќе во однос на минатогодишниот рекорд. Јуни, оваа година, според просечните температури на планетата, бил најтопол уште од 1880-тата година од кога се вршат мерењата.

Овој јуни просечната температура била 0,88 Целзиусови степени повисока од просекот во 20-сеттиот век. Надминат е рекордот од минатогодишниот јуни, кога температурата била 0,12 степени над просекот.

Според податоците на американската институција, температурниот рекорд е поставен и кога се посматра полугодишниот период јануари-јуни.

Оваа година за периодот јануари-јуни просечната температура на копно и на океаните била за 0,85 Целзиусови степени повисока од едновековниот просек и највисока уште од 1880-тата година.

Досега полугодишен рекорд бил забележан во 2010-тата година, кога температурата била 0,09 Целзиусови степени повисока од просекот од  1880-тата година.

Портпаролот на американската Национална администрација за океани и атмосфера истакна дека во иднина се очекува уште поголем раст на температурата, што може да има катастрофални последици.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега