Македонија има најдобра аеродромска инфраструктура од сите земји во поранешна Југославија
Македонија има најдобра аеродромска инфраструктура од сите земји во поранешна Југославија. Светскиот економски форум го објави извештајот Travel & Tourism Competitiveness кој споредува и рангира 141 земја во светот. Извештајот кој се објавува на секои две години споредува 14 точки од кои една е транспортот, пишува еxyuaviation.
Во извештајот на 2015 стои дека земјава има најквалитетна аеродромска инфраструктура од сите земји од поранешна СФРЈ ( Босна и Косово не се дел од извештајот).
Македонија е рангирана на 59 место во светот според инфраструктурата на аеродромите со просечна оценка од 4,7 (оценките се движат од 1 за најлошите до 7 за најдобрите земји).
По Македонија е Словенија на 67 место, Црна Гора на 74 и Хрватска на 76 место. Србија падна на листата и сега се наоѓа на 111 место.
Најдобра инфраструктура во светот има аеродромите во Сингапур, потоа Обединетите Арапски Емирати и Хонг Конг.
Неодамна скопскиот аеродром беше прогласен за деветти најдобар во Источна Европа .
Тој беше прогласен и за најдобар аеродром преку кој поминуваат до два милиони патници годишно во 2013 и 2014 година во Европа.
Скопскиот аеродром Александар Велики е со капацитет од 4 милиони патници. Располага со шест моста. Инвестицијата е вредна 110 милиони евраи е пуштен во употреба во 2011 година. Со него стопанисува турската компанија ТАВ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа