Тирана го поздрави постигнатиот договор

 Официјална Тирана го поздрави постигнатиот договор за излез од политичката криза во Македонија со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан.

- Постигнатиот договор во Скопје меѓу лидерите на четирите главни политички партии  е добра вест. Лидерите се согласија да се надмине кризата и да продолжат кон европската интеграција, оцени шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

Тој упати честитки и за ангажманот на еврокомесарот Хан, на ЕУ и на САД.

Инаку, сите албански медиуми без исклучок ја пренесоа информацијата за постигнатиот договор, кого го оценуваат за историски.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега