Нуланд со честитки до Груевски за решавањето на политичката криза

Премиерот Никола Груевски изутрината оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, при што таа му упатила честитки за решавањето на политичката криза со синоќешниот договор, соопшти владината прес-служба.

- Нуланд честиташе за лидерството кое беше демонстрирано и истакна дека САД останува стратешки партнер на Република Македонија во реализација на реформите, интеграциите и напредокот на нашата земја, стои во соопштението.

Премиерот Груевски ја истакнал посветеноста на Владата за продолжување со реформите кои ќе значат унапредување на стандардите во сите сфери, економски раст и креирање на нови работни места.

Премиерот и се заблагодарил на Нуланд за американскиот придонес во обезбедувањето напредок на земјата.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега