Опозициските експоненти со остри критики кон Заев

 

Опозициските експоненти незадоволни од синоќешниот договор, со остри критики кон опозицискиот лидер Зоран Заев, кој нереално ги крена очекувањата и ветуваше се и сешто во процесот на преговорите. Повеќето од нештата за кои Заев се „удираше во гради", не излегоа онака како што тој зборуваше и ветуваше. 

Опозицискиот експонент Миодраг Мисолиќ истакна дека договорот е катастрофа. Што се однесува до министерот за труд и социјала, Миодраг прашува свесни ли се од СДСМ дека ако нема засилена социјална помош пред избори, социјалците кои досега ја добивале истата поради тоа повторно ќе гласаат за Груевски.

Исто така и Ивор Мицковски од СДСМ вели дека станува збор за договор на врзани раце за опозицијата која се враќа во Собрание и нема право на бомби.

Разочарувањето е видливо и кај Стојанче Ангелов кој иронично напиша - Подобро било каков отколку никаков. Договор или не? П.С. Некои процеси си работат во позадина колку и да не се гледаа.

Со оглед на убедливата предност која ја има ВМРО во споредба со опозициската СДСМ, новинарот Васко Ефтов индирекно упатува на тоа дека договорот од Пржино значи крај на кариерата на ЗОран Заев. Исто така, Ефтов пишува дека ако ги убеди да има избори во април, политичката судбина на еден тон од тие лидери ќе биде запечатена.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега