Опозициските експоненти незадоволни од договорот

Иако опозицискиот лидер Зоран Заев вчерашниот договор за излез од политiчката криза се обидува да го претстави како триумфализам на СДСМ и “капитулација“ на Груевски, сепак опозициските експоненти се незадоволни од истиот, и коментираат дека “договорот е катастрофа“.

-Би сакал да се лажам, ама мислам дека договоров е катастрофа. Министер за внатрешни од СДСМ, но со одобрување од ДПМНЕ. И уште министер за труд и социјална политика, демек да не се купуваат гласовите со социјална помош. А, свесни ли се дека ако нема „засилена“ социјална помош пред избори, социјалците ќе си речат: „додека беше Грујо ја добивавме“, и во уште поголем број ќе гласаат за него, да им се врати тоа што го имаа, пишува опозицискиот експонент Миодраг Мисолиќ, фејсбук статус објавен на опозицскиот портал Либертас.

Мисолиќ додава дека и во таква административно-политички амбиент, избори за само сто дена, pописот, избирачките списоци, изборните закони, ослободување на медиумите, демонтирањето на режимот.., не се ни споменати. 

-Важно било (според Заев) дека Груевски нема да ги организира. А, помислува ли Заев што ќе се случи ако Груевски победи на изборите што „нема да ги организира“? Кутар, наивен и добродушен Зајко, со ова што си го потпишал, тој ќе ги организира. Систем граден девет години не се разградува за сто дена. И пак ќе речам, би сакал да се лажам, пишува Мисолиќ. 

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега